Kандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев денеска изјави дека платата ја донирал, не користел службено возило и така ќе продолжи.
Кажа дека парите стигнуваа до социјално загрозените семејства, лица кои имаа потреба од лекување, талентирани ученици и студенти.
„Преку Фондацијата „Никола Јанчев”, два пати во годината се донираа средства таму каде што е најпотребно“, рече Јанчев.
Тој најави дека во наредниот четиригодишен мандат, исто така, се откажува од градоначалничката плата и користење на службено возило. Тие средства, рече дека ќе бидат отстапени на оние кои имаат потреба од помош.