Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра и 10 други кандидати за градоначалници во Македонија за претстојните локални избори. Неофицијално меѓу нив е актуелниот градоначалник Митко Јанчев за Кавадарци, но сѐ уште нема потврда од партијата.
На денешната прес-конференција, и покрај инсистирањето на новинарите, лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски не кажа кои се останатите кандидати, ниту ги потврди кандидати за овие општини.
– За помалку од 24 часа на прес-конференција јавно ќе бидат објавени сите преостанати имиња на кандидати кои се потврдени, заедно со нивните биографии – одговори Мицкоски.
Засега е познато дека ВМРО-ДПМНЕ застана зад независната кандидатура на Даниела Арсовска, која до партијата доставила и програма за работа, а според Мицкоски, Арсовска ќе ги обедини сите, бидејќи е натпартски човек, докажана личност.