Пратеникот на СДСМ Јован Митрески во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека мнозинството во Собранието ја има одговорноста и должноста и правото дадено од граѓаните да направи се што е во рамките на деловникот и уставот за Собранието да биде функционално, истакна пратеникот на СДСМ Јован Митрески.
„Сите сме согласни дека мнозинството треба да пресликано со собраниските тела, за ова прашање зборуваме три месеци, но опозицијата сака Собранието да не биде функционално, и затоа преземавме чекор според деловникот и уставот за разрешување на пратеникот Фадил Зендели“, рече Митрески.
Додаде дека ако не бил направен тој чекор фактички би имало ситуација Собранието да не биде функционално во својата работа.
„Никогаш не се доведувало во прашање мнозинството да биде пресликано во комисиите и да функционира Собранието така како што функционирало во последните 30 години“, рече Митрески додавајќи дека неменувањето на комисијата за избори и именување значи блокирање и на други шест комисии.
Изрази задоволство што Собранието со огромно мнозинство, без разлика дали станува збор за пратеници од мнозинството или опозицијата, со заеднички консензуален став ја изгласа Декларацијата за осуда на тоа што се случува во Украина, додавајќи дека Декларација во еден ден ја помина собраниската процедура и беше изгласана.
Ние како Собрание донесовме Декларација, без разлика на реториката или осудата на владината политика. Со 100 гласа за беше покажано единството за осуда на тоа што се случува во Украина, во ваква ситуација во светот треба да имаме заеднички став, истакна Митрески, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.