Живко Митрески информираше во петокот, за како што рече, нов скандал околу незаконитоста на негова смена и смената на раководството на Сојузот на синдикатите (ССМ).
„Постои уште еден фалсификуван документ врз основа на кој и второстепената комисија носела одлуки, а врз основа на фалсификати за наводни жалби, повлекување на жалби на ССМ во втори месец и на 10-ти минатиот месец каде ниту имало вакви предмети од ССМ, туку се правени врз основа на фалсификувани исправи и печати“, рече Митревски.
Додаде дека фалсификувањето продолжило во Централниот регистар за да се донесе незаконското решение и заради ваквите активности, тој има дополнета кривична пријава против в.д.директорот и против регистраторот.
„Ова е уште една потврда за фалсификуваната регистрација спроведена од одредени институции. Државната правда не може да се гради со фалсификати, овој доказ ќе биде додаден и во дополнителна проширена пријава. За светската и европската конфердерација на синдикати единствен легитимен претседател е Живко Митрески“, додаде.
Митрески посочи дека очекува идната недела, по сите водени разговори, да биде поништено решението со кое Дарко Димовски нелегитимно е избран за претседател на ССМ.