Самонаречениот В.Д. претседател на ССМ Димовски соочен со кривичните пријави за повеќе кривични дела за кои е предвидена казна и до 10 год. затвор заедно со својата политичка Опозициона друза продолжува да ја лажи јавноста и членството во ССМ, вели претседателот на ССМ, Живко Митревски во писмена реакција.
„Соочен со лицето на правдата од 26.12.2016 заедно со останатите синдикални пензионери се соочија и со осудата на останатите 13 грански синдикати, кои на 13-тата седница на Претседателството на ССМ ги суспендираа од членство во ССМ, поради фалсификувањето на волјата на членството кое легитимно го избра постоечкото членство, Митревски и раководството на ССМ. Со ова дефинитивно е ставен крај на обидите на групата фалсификатори да ја спроведуваат волјата на политички структури кои се обидуваат да внесат политика и бизнис интереси во ССМ“, се вели во писмената изјава.
Митревски додава дека 13-те грански синдикати и тој како претседател со досегашните активности јасно ја покажуваа определбата да се борат и изборат за работничките права и интереси.
Синдикалното членство со донесувањето на Одлуката за суспендирање, вели Митревски, јасно уште еднаш ја повтори определбата дека нема да дозволи и понатаму да егзистираат во ССМ претседатели на Синдикати кои имаат повеќе од над 64 год., кои ги интересира само личното опстојување до 70 годишно претседателствување во гранките, кои воопшто и не знаат на кој начин се уште се претседатели и опстојуваат без да имаат никакви синдикални активности, немаат потпишани грански колективни договори и не дале отчет за својата не работа повеќе од над 20 год.