Митревски: Мора да ја оправдаме фаворитската улога на овој меч

Македонската ракометна репрезентација денеска (16 часот) и гостува на Турција на жешкиот терен во Ван во рамките на 2. квалификациско коло за пласман на Европското првенство 2024 година.

Пред мечот , најискусниот во редовите на националниот тим Никола Митревски потенцираше дека оваа исклучително важен меч во овие квалификации.

„По убедливата победа против Луксембург повторно сме фаворити против Турција, тоа треба да го оправдаме на терен. Знаеме дека ќе биде напорно, имаме мал период за адатапција, но, како што кажав ние сме фаворити и нашиот квалитет и искуство треба да дојде до израз, да го добиеме мечот и да направиме уште еден чекор поблиску до Европското првенство. Далеку од тоа дека се слаба и лоша селекција, имаат двајца играчи кои играат во Бундес-лига, во македонско првенство, мора да бидеме претпазливи, да го дадеме максимумот, да го покажеме нашето најдобро. Имаат брзи бекови, добри крила, стратегијата е подготвена треба да ја спроведеме на дело“.