Митревски: Нашата заложба е да обезбедиме сигурни и безбедни работни места

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска на плоштад „ Македонија“ на мирен начин преку презентирање на гранските штандови го одбележа 1. Мај-Меѓународниот ден на трудот.

„ССМ Меѓународниот ден на трудот 1. Мај започнува да го празнува денес , но тоа за нас не е само празнување и одбележување кое трае само еден ден туку ова празнување ќе продолжи во текот на целата година. Ние сме решени работничките право во Р.Македонија достојно да ги застапуваме , да го унапредуваме работното законодавство, да го усогласуваме со ЕУ и европските директиви,“ истакна претседателот на Сојузот на синдикати Живко Митревски.
Тој додаде дека во дека во изминатите четири години од 2010 година досега, се донесени неколку историски закони од типот на „законот за минимална плата“.

„Покажавеме дека и во Р. М после 20 години немање основа за утврдување на платите дека тоа може да го реализираме, покажавме дека тој закон не само што можеме да го имплементираме туку можеме и да го унапредиме. И ако ја направиме таа разлика од 2010 па досега 98,85% ја зголемивме минималната плата , 16 директиви на ЕУ имплементиравме во работнот законодавство, 8 конвенции на меѓународната организација на трудот, ги одбранивме во услови на најтешка економска криза 3-те основни столба и не дозволивме масовни отпуштања, не дозволивме намалување на платите , не дозволивме зголемување на пензиската граница. Тоа го правеме со сите 18 задружени грански синдикати,“ рече Митревски.

Покажавме, нагласи тој, дека со договор можеме да го вратиме надоместокот кој е карактерестичен само за социјализмот со потпишувањето на општиот колективен договор за приватен сектор го вративме и регресот за годишен одмор.

Годинава, како што посочи Митрески, ССМ продолжува со активностите, нагласувајќи дека во текот на оваа година ќе биде потпишан и општиот колективен договор за јавен сектор, со што ќе се обезбедат надоместоци за сите вработени во јавниот сектор.