Митревски: Тешко е да се игра против селекција како Холандија и судии кои се лесни на свирка

Ракометната селекција на Македонија го загуби натпреварот со Холандија во второто коло од СП во ракомет. Нашата репрезентација во вараждин бешепоразена од Холандија со 37:32 иако во поголемиот дел од натпреварот бевме конкурентни.

Многу технички грешки од наша страна и досудените пенали ја чинеа пораз нашата селекција, а нашиот голман Никола Митревски даде коментар за загубениот натпревар.

„Не беше лесно да се бранат брзите Холанѓани, направивме грешки кои ривалот со брз центар и контри успеа да направи разлика и да ја чува до крај. Сигурно не требаше да биде пет разлика на крајот, можеби реално ќе беше да биде два.

На теренот имавме судии од Скандинавија и на првиот натпревар и сега. Знаеме дека се лесни на свирка, имаат еден критериум кој повеќе им одговараше на Холанѓаните, за нас беше доста тежок. Кога играш против ниски и брзи играчи, тешко е да се браниш при таков критериум. Но, ајде, да не ги коментираме судиите, мечот заврши и тоа е тоа“, рече Митревски.

Во последното коло од групата Д, Македонија ќе оди на победа против Фвинеја за пласман во главната група на СП во Хрватска, Данска и Норвешка. Натпреварот ќе се игра в недал на 19 јануари.