Притоа, владиката Петар додава: „Овој наш народ треба да се крене цврто со својот глас и да каже дека од ништо не остапуваме што е македонско и дека треба да се направи без размислување една македонска Платформа во која ќе се стави не само црвената, туку и жолтата линија”, истакнува митрополитот Пeтар.
Според македонскиот владика Петар: Името на нашата држава и нашата црква, се нешта за кои мораме да водиме сметка бидејќи доколку се избрише името на државата и името на македонската нација како и на македонскиот јазик, тогаш ќе се избрише и името на МПЦ. На тој начин ние со една таква одлука или став донесен во Собранието на Македонија конечно ќе извршиме самоубиство. Стануваме самоубиствен народ кој сам доброволно си потпишал на некој начин самоунишштување или смртна казна.
Од друга страна повардарискиот митрополит Агатангел се осврна на мешетарењето и мешањето на странските служби и амабасадори во работата на државниот врв и притисоциите Тиранската платформа да стане реалност и пракса во Македонија. Владиката Агатангел со став:„ Сите оние кои се во амбасадите дали се европски или други големи држави, особено го повикувам американскиот Џејс Бели, кој еве и денеска го повикува нашиот претсдател Др Ѓорѓе Иванов да се повлече и да го даде мандатот, за да се формира Влада, истакнува Агатангел и порачува: „го молам господинот Бејли да престане да врши притискок врз нашиот претседател и сите други амбасадори да престанат да вршат притисоци за да се формира нова влада. Нашиот претседател е доволно умен, и тој знае што треба да направи. Му благодариме на Господа, што во овие тешки моменти ни го даде да го имаме, затоа ако немавме ваков претседател, јас денеска мислам дека ќе имавме двојазичност, промена на знаме, химна и се, или со еден збор Тиранската платформа ќе беше реалност и реализирана во целост. За да не се случат вакви работи, амбасадорите нека си ги пишуваат своите извештаи и нека си ги праќаат до куќите од каде се пратени да ја следат состојбата во Македонија и да и помогнат на оваа земја, а не да и одмагаат и да ја тераат во ќор сокак.” категорично вели повардарискиот митрополит Агатангел.
Целото интервју погледнете го во продолжение.