Митров остана без медал на Светското првенство во борење во Белград

Македонскиот борач Дејан Митров остана без медал на Светското првенство кое денеска стартуваше во Белград, Србија.

Митров во категоријата до 79 килограми дојде до позиција да се бори за медал, но не успеа да го мине репасажот губејќи од Сапармирадов од Туркменистан.

Претходно славеше против Унгарецот Вида со 3-2, а загуби од Буроу од САД со 12-1 во осминафиналето.

Дејан Митров во категоријата до 57 килограми почна со победа во квалификациите, но во 1. коло загуби од Порториканецот Круз со 3-0. Фати Весели загуби во квалификациите во категоријата до 70 килограми од Рамазанов од Бугарија со 7-4.