Митровиќ е речиси нов играч на Њукасл

Напаѓачот на Андерлехт, Александар Митровиќ следните неколку часа ќе премине во редовите на Њукасл, барем според агентот на фудбалерот, Пини Захави.

20-годишниот репрезентативец на Србија, кој минатата сезона на 37 натпревари постигна 20 погодоци, долго време е трансфер-цел на менаџерот на Њукасл, Стив Мекларен а се очекува цената за него да биде околу 13 милиони фунти.

„Трансферот ќе биде формализиран во наредните неколку часа“, изјавил Захави.

Заедно со Митровиќ, во клубот треба да пристигне и капитенот на ПСВ, Џорџињо Вијналдум, кој според британските медиуми во петок ќе пристигне на Островот за да ги помине медицинските прегледи.

До крајот на овој трансфер период, англискиот премиерлигаш ќе се обиде да стигне до потписот на Флориан Таувин, Жоел Матип и Чарли Остин.