– Во третиот и четвртиот квартал дел од мерките се апликативни за нас како компании, но дел од нив не се. Она што значи падот на приходот за 30% споредено со минатата година за голем број од нашите компании тоа апликативно посебно во месеците април и мај бидејќи знаеме што се случи посебно со автомобилската индустрија во западна Европа кога технички целиот тој процес на производство на производите на автомобилите целосно запре. Но потоа почнувајќи од јуни полека но сигурно посебно капитално интезивните комапнии кои имаат големи инвестиции во изминативе години во нашава индустрија, кога ќе имате големи инвестиции мора потоа да ги валозирате во јуни па натака беше невозможно да се користат тие бенефици. Заради тоа ние сметаме дека како една алтернатива освен падот на приходот треба да се земе во обзир и колкава вредност е инвестирано споредбено со приходот во изминатава година. И сега во четвртиот пакет кога се зема еден просек од април до август оваа година тогаш навистина не можеме ние да влеземе во таа група на приходите од 30%“, појасни Виктор Мизо во своеото јавување за емисјата „Топ Тема“.
Мизо додаде дека е потребна поддршка под итно од страна на Владата. Целиот сет на мерки не можеше да се искористи по основ на критериуми кои беа определени.
– Изминативе неколку години посебно Србија па и Бугарија привлекоа голем број на компании, дури компании кои беа присутни кај нас. А, реинвистирањето не се случи во Македонија се случи кај некои од соседните земји“, рече Мизо.
Мизо посочи дека изминатиов период недостигаше поддршка на постоечките компании инвеститори во Македонија.