Годишниот извоз над очекувањата и проекциите за оваа година. Монтанте металните производи се пред се за шински возила, Гентерм е производство за автомобилската индустрија, додека турската компанија во Кочани е во земјоделскиот сектор. Овие три компании доаѓаат од различни сектори и од различни држави. Најважното е што се диспертизарни на територија на целата држава, вели Виктор Мизо, директор на индустриските зони.
Се поголем број на компании како што размислуваат да се лоцираат во разни места низ Македонија, увидовме дека има потреба и за зголемување на бројот на зоните. Кумановско-липковскиот регион е еден од најголемите региони од гледна точна на популација во Македонија кој не е опфатен со вакви слободно економски зони, каде трудоинтензивните компании кои вработуваат 1.500 и повеќе луѓе бараат таков вид на градови и региони, бидејќи многу од нив не сакаат директно да конкурираат и да бидат лоцирани до некоја друга компанија со слично производство и сличен кадар. Маврово- Ростуше е во еден регион кој долго време бил економски запуштен и ова ќе биде начин тој да се доразвие, вели Мизо.
Директорот на ТИРЗ очекува да расте извозот и истакна дека според очекувањата годинава извозот ќе изнесува околу 1,5 милијарди евра за целата година. Ваквата бројка е далеку над очекувањата и проекциите направени за оваа година.
https://youtu.be/EprbEHknDIk