Мизо: Инфраструктурата во зоните привлечна за инвеститорите

Според директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо еден од главните адути за привлекување инвеститори освен даночната политика, намалување на административните бариери и кратење на процедурите се и поволностите што се нудат во зоните.

-Најголемиот фокус што се користи при презентирање на можностите за инвестирање во Македонија и истовремено најголем интерес од страна на странските компании побудуваат технолошко индустриско развојните зони, додавајќи дека не се само поволностите што се нудат на овие локации туку и истовремено самиот факт што таму има веќе изградена инфраструктура со што компаниите можат многу лесно и брзо да започнат со изградба на своите капацитети, рече Мизо.

Додаде дека во таа насока е и ангажманот за подобрување на можностите за инвестирање во Македонија и изнаоѓањето соодветна локација за што потврда е и наградата која  пред две недели ја добивме од страна на FDI магазинот каде што зоните во Скопје беа прогласени за најдобри зони  за големи мултинационални компании во Европа.

– Во таа награда и она што беше земено за критериум не беше само растот и бројот на компаниите кој се влезени таму туку и она што значи поддршка на веќе постоечки компании таканаречен процес на целосна грижа или поддршка на постоечките компании, изјави Виктор Мизо.

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска ја продолжува економската посета на САД со бизнис форум во Лос Анџелес, кој е втор по големина град во САД и е центар на тенолошката, здравствената, телевизиска и филмска индустрија.

За време на посетата во претходните два дена владината делегација одржа бизнис форуми во двата големи економски центри во САД градовите Њујорк и Чикаго. Во САД се концетрирани најголемиот дел од светски најразвиени компании кои го генерираат економскиот раст на оваа држава, затоа САД останува средина и пазар кон која е фокусирана и Владата на Република Македонија и можноста преку активно лобирање да се привлечат инвеститори кои би го вложиле својот капитал во државата, а со цел отворање на нови работни места и подобрување на стандардот на граѓаните.