Мизо: Расте извозот од зоните, годината ќе биде завршена над проекциите

Мизо во интервјуто, истакна дека неколку нови компании веќе имаат донесено интерни одлуки за инвестирање во Македонија и оти би имало можност до крајот на годината да бидат и официјално објавени.

Неколку нови компании веќе имаат донесено интерни одлуки за инвестирање во Македони
Неколку нови компании веќе имаат донесено интерни одлуки за инвестирање во Македони

Истовремено се очекува да започнат со работа и дел од компаниите кои веќе го завршија својот производствен погон. Очекувам во следните 2-3 неколку компании истовремено официјално да започнат со работа, така што оптимист сум, не само до крајот на оваа година, туку продолжуваме со истото темпо. Целиот тим кој работи на странските инвестиции активно преговара. Во првиот квартал од идната година очекувам и нови позитивни одлуки, потенцира Мизо.

Се поголем број на компании се позиционираат во внатрешноста

Осврнувајќи се на трите нови компании Монтанте, Гентерм и Левидиагро кои веќе ги реализираа своите инвестиции во Македонија, директорот Мизо оценува дека е добро тоа што се работи за компании кои доаѓаат од различни сектори и различни држави и оти најважно е тоа што се дисперзирани низ територијата на целата држава.

Обраќање на премиерот Груевски на отварањето на компанијата Левидиагро во Кочани
Обраќање на премиерот Груевски на отварањето на компанијата Левидиагро во Кочани

Она што го имавме до пред 5-6 години кога компаниите најчесто го избираа Скопје за своите производствени дејности, сега гледаме дека се поголем број на компании се позиционираат во внатрешноста, што значи дека политиката за креирање на рамномерен економски развој функционира за сите луѓе од различни делови државата, врз основа на нивните квалификации, но истовремено да имаме развој во сите региони од државата, за локалната економија да може да заживее, вели Мизо.