ратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе Предлог Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, со која бараме продолжување на рокот за дополнителни 30 дена за сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции, посочи Рашела Мизрахи, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-Досега се сослушаа повеќе од 50 лица, поранешни и сегашни министри и заменици, директори, раководители на сектори, вработени во надлежните институци и тоа Министерство за здравство, ФЗО, МАЛМЕД, ДСЗИ, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Во процесот на сослушувањето на овие лица се појавија нови и важни факти и околности за Анкетната комисија кои што можат да придонесат до конечното утврдување на прекршување на уставните и законските одредби како основ за утврдување на политичка одговорност. Дополнително, во текот на изминатите денови беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата, вели Мизрахи.
„Овие нови сознанија за случувањата на Онкологија и информациите кои беа дадени од досега сослушаните лица, ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата во делот на повикување на носители на јавни функции, раководни лица во иниституциите и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува вклучително и периодот од Април 2023та година на кој се однесува извештајот на ФЗО. Заради ова, ја поднесуваме оваа Одлука со која Анкетната комисија ќе има дополнителни 30 дена за да повика и други засегнати институции и експерти. Го повикуваме парламентарното мнозинство и сите останати партии од опозицијата доколку навистина сакаат вистината да излезе на виделина да го поддржат нашиот предлог. Вистината за канцер мафијата мора да се знае“ – посочи таа.
Мизрахи посочи: „Одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме“.