
Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска изјави дека таблата поставена во Министерството е наследена. Како што појасни таа, не постои стара и нова, постои само една табла.
– Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика, рече Мизрахи денеска во Крушево.
Министерката додаде оти треба да и заблагодари на вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, „поради тоа што не ја сменила таблата и со тоа, според Мизрахи, длабоко во себе препознала дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ”.
https://www.facebook.com/RaselaMizrahi/videos/600031310848283/?t=12