![Nikola Kodzobasija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/Nikola-Kodzobasija.jpg?resize=515%2C386&ssl=1)
Мјузиклот Пенелопе Х ќе биде промовиран во МОБ на 17 декември (вторник). Се работи за модерно и провокативно музичко сценско дело кое ќе ја раскаже историјата на една мала земја низ искушенијата на една огромна љубов.
Автор на претставата е Никола Коџобашија кој е музичко сценски автор и диригент. Мјузиклот е во копродукција со Riotous company од Велика Британија, раскажувач е Венко Андоновски, режисер е Миа Тајл Хајве од Данска.
Во претставата настапуваат Весна Ѓиновска Илкова, Адем Карага, Николина Јаневска, Срѓан Јанакиевиќ, Јовица Михајловски и други.
А, како PENELOPE X бенд се Бранислав Николовски, Пеце Трајковски, Гоце Јованоски, Гоце Стевковски, Џијан Емин, Огнен Атанасовски, Сашко Николовски.