Млад белгиски голман почина на терен откако одбрани пенал

Белгискиот голман Арне Епсел почина на 25-годишна возраст, откако колабирал на теренот само неколку моменти откако одбранил пенал на меч на нисколигашки аматерски екипи пренесуваат медиумите.

Според весникот The Independent, трагедијата се случила во саботата на теренот на екипата Винкел Спорт. Според локалните власти, во понеделникот требало да биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта на Еспел, кога се собрале повеќе од илјада луѓе да му оддадат почит на момчето.

Според написот, популарниот играч бил дел од Б тимот на белгискиот фудбалски клуб Винкел Спорт од Синт Елоис кој се натпреварува во втората регионална лига на провинцијата Западен Брабан, во Фландрија, против тимот на Вестрозебеке кога во второто полувреме при водство од 2:1 за неговиот тим бил досуден пенал за противникот. Еспел го одбранил ударот од белата точка, но веднаш потоа паднал на тревникот.

Белгиските медиуми известуваат дека припадниците на службите за итна помош веднаш притрчале да му помогнат на 25-годишникот и се обиделе да го реанимираат со дефибрилатор. За жал, набргу откако бил пренесен во болница, била констатирана смрт.

„Винкел Спорт е во голема тала поради ненадејната смрт на Арне Еспел. Изразуваме длабоко сочувство на семејството и на пријателите на Арне за оваа тешка загуба…“, соопштија од клубот.

Патрик Роцаерт, спортскиот директор на Винкел Спорт изјавил за Reuters дека трагедијата е „катастрофа и шок за сите“ во клубот. Го опишува несреќниот Еспел како „прекрасно симпатично момче“ коешто од дете бил во клубот и бил „секогаш добро расположен и подготвен да му помогне секому“.