Млад кавадарчанец со убодни рани пренесен на скопските клиники

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож е пренесено на клиника во Скопје.
Д-р Ратко Грков од Итната медицинска помошво Кавадарци за МИА потврди дека по повикот упатен до нив, на улица во градот затекнале момче со две убодни рани во седечка положба и во свесна состојба.

По укажаната прва помош, момчето било пренесено во Болницата во Кавадарци.
Како што изјави д-р Благој Митев, хирург на хируршкото одделение при кавадаречката болница, ноќеска после полноќ било донесено момче родено 1994 година.

„Момчето имаше две убодни рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2.5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри. Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на Ллиниката за торакална хирургија во Скопје“, рече Митев за МИА