Млад кичевец загина во карамбол на патот Македонски Брод – Кичево

Ноќата кон саботата околу 23,12 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево се случила сообраќајне несреќа меѓу патничко возило марка „БМВ“ со странски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот М.К. од Кичево со патничко возило „ауди“ управувано од 40-годишниот Ѓ.И., исто така, од Кичево, како и со четири паркирани возила: „БМВ“, „ауди“, „фолксваген шаран“ и „опел“.

Во незгодата починал М.К., а смртта е констатирана во Градска болница Кичево, додека со тешки телесни повреди се здобил вториот возач на „аудит“-то Ѓ.И., како и уште четири сопатници во двете возила, „мерцедес“ и „ауди“, а две лица (сопатници), се здобиле со телесни повреди, сите констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.