Ноќеска 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки „ауди“ управувано од 24-годишниот М.Л. од селото Белчишта, општина Дебарца и „фолксваген поло“, управувано од 30-годишниот Х.К. од Охрид.
На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека, М.Л. возач на возилото „ауди“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.