Дваесет ишестгодишен маж во четвртокот утрото е пронајден мртв во када во домот во делчевското село Стамер.
Информацијата ја потврдија од СВР Штип, од каде информираа дека по насока на обвинител неговото тело без траги на насилство е предадено на обдукција.
Смртта кај дваесет ишестгодишникот ја констатирала екипа на Итната медицинска помош од Делчево која се упатила кон неговиот дом веднаш по добивањето повик од роднина на несреќното момче.