Во саботата околу 18.52 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреда од заталкано зрно бил донесен 29-годишниот А.С. од скопското село Брест.
Според пријавеното, околу 17.30 часот на патот кон Арачиново, скопско, тој застанал до чешма, при што почувствувал удар во главата и паднал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.