Жител на канадскиот град Маркхем, 23-годишниот Менхаз Заман кон крајот на минатата седмица го убил целото свое семејство, за да го сокрие својот двоен живот, пишува таблоидот The Sun.
Родителит на младиот маж кои се преселиле во Канада од Бангладеш, биле многу горди на него. Тие биле убедени дека нивниот син студира за инженер на престижен универзитет и дека го очекува светла иднина.
Во реалноста, момчето не учело никаде, туку по цел ден играло компјутерски игри. Не успеал да се запише на универзитет, бил претходно примен во еден локален колеџ но подоцна бил исклучен затоа што не можел да го совлада материјалот. Менхаз за тоа не кажувал дома, туку неколку години секој ден излегувал од дома со лаптоп и се враќал доцна во ноќта.
Еден ден пред традиционалното врачување на дипломите, Менѕхаз решил да се „избави“ од своите за да не дознаат за неговата измама. Околу три часот попладнето, кога во домот не биле таткото и две години помладата сестра, ја убил мајка си која одморала. По околу еден час „се решил“ и од бабаси, вечерта ја убил сестра си кога се вратила од работа, а по полноќ и татко си.
Потоа момчето на своите пријатели на интернет им кажало дека штотуку го убило целото семејство. Во почетокот тие не му верувале, па тој им испратил селфи со телата на убиените и крвав нож. Партнерите од мрежните игри веднаш ја известиле полицијата, но тој за нив бил познат само преку прекарот со кој се најавувал онлајн.
Полицијата успеала да ја открие локацијата на младиот маж до утрото следниот ден и испратила патрола во неговиот дом. Целото време Менхаз бил таму заедно со труповит на неговите најблиски.
За четирикратното убиство, на натурализираниот Канаѓанец ќе добие доживотна затвораска со право да бара помилување по истекот на првите 40 години. При првото изведување прд судот, Менхаз побарал прошка од сите што го познавале неговото семејство.