Млад маж тешко повреден во сообраќајна незгода во центарот на Скопје

Во средата вечерта во 20.30 часот е пријавено дека во Скопје на крстосницата од булеварот „ВМРО“ и улицата „Максим Горки“ патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот С.И. од Скопје, удрило во пешакот 20-годишниот скопјанец Т.Ѓ. од Скопје, информира МВР.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје