Млад мотоциклист вчера им погледна на повредите со кои се здоби во тешка сообраќајна незгода предходниот ден.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пред два дена на булеварот Борис Трајковски се случи тешка сообраќајна незгода. До несреќата дошло кога се судриле автомобил „Берлинго“ управуван од 40-годишниот М.Р. и моторцикл „сузуки“ кој го возел 24-годишниот Нермин К.
Неговиот сопатник 24-годишниот И.Б. се здобил со телесни повреди и по укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје е пуштен на домашно лекување.
Во незгодата тешко телесно повреден бил Нермин кој веднаш бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Ден подоцна Нермин им подлегнал на повредите.
Полицијата работи на расчистување на трагичната несреќа.