Осумнаесетгодишен мотоциклист во четвртокот утрото прегазил малолетник во скопската населба Радишани, информираше во петокот Министерството за внатрешни работи.
Ицидентот се одиргал вчера околу 8,55 часот на улицата „Радишанска“ во Скопје, мопед „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот В.Д. од Скопје, удрил во малолетник .
Во незгодата, детето се здобило со повреди и било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.