Млад притвореник почина во затворот во Шуто Оризари

Дваесет и тригодишен притвореник од Гостивар починал во средата во притворскот одделение на затворот Скопје во населбата Шуто Оризари каде што се наоѓало од 18-ти декември, потврди за медиумите директорот на оваа казнено-поправна установа Есад Рахиќ.

Директорот ги отфрли претходните наводи во некои медиуми, според кои овој трагичен случај е во поврзаност со случајот од минатата седмица која, исто така, во овој затвор почина притвореник, а подоцна беше утврдено дека бил позитивен на коронавирусот.

Според Рахиќ, претпладнето момчето било на редовна прошетка во дворот од затворот. Кога се вратил во ќелијата, притвореникот со кој ја делеле просторијата имак посета од затворските стражари кои разговарале и со момчето и немало ништо сомнително, ниту, пакм тој се пожалил на здравствени проблеми.

Во 16 часот стражарите биле повторно повикани откако притвореникот не можел да се разбуди од спиење.

Телото  на починатиот е предадено на обдукција, и се очекува таа да ги открие причините за смртта.

Инаку, во затворот се правени брзи тестови и на вработени и на притвореници кои би можеле да бидат во некаква комуникација со претходно починатиот и засега нема ниту еден позитивен на коронавирусот