Млад скопјанец го загуби животот во несреќа кај Пробиштип

Дваесет и четиригодишен маж од Скопје во четвртокот вечерта загинал во близина на Пробиштип, откако возилото во кое бил на совозачкото место од засега непознати причини излетало од коловозот и се превртело.

Несреќата се случила малку пред 19 часот кога било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип – село Ратвици, на место викано Леговец, автомобил марка „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од 23-горишниот М.С. од Скопје, излетало од патот и се превртело.

Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот 24-годишниот Ф.С., исто така, од Скопје, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, информираат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.