Млад скопјанец осомничен за убиство на баба си

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 28-годишниот М.М. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Тој се сомничи дека во периодот од 5-ти  до 11-ти ноември извршил кривично дело убиство врз неговата баба, 75-годишната В.Б. во нејзиниот стан на улицата „Никола Малешевски“.

Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор.