Млад возач тешко повреден откако со возилото излетал од коловозот

На 15.07.2024 во 06.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот А1, кај место викано „Милци“, гевгелиско, 19-годишниот Д.Т. од Гевгелија, управувајќи патничко возило „мазда“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.