Млада девојка загина на автопатот Тетово-Скопје, возачот тешко повреден

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера во 14 часот се случила на автопатот „Мајка Тереза“ во насока од Тетово кон Скопје, во атар на с.Ласкарци.

Автомобил „ауди“ со албански национални ознаки, управуван од В.М.(40) од Република Албанија, излетало од коловозот.

-Од здобиените повреди во несреќата на местото починала сопатничката Е.Т.(24) од Република Албанија, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.