Деветнаесетгодишна девојка е хоспитализирана на Ургентниот центар и се наоѓа во животна опасност по тешката сообраќајна несреќа којашто се случила во ранити утрински часови, информираше во неделата министерството за внатрешни работи.
Несреќата се счлучила во саботата околи 3 часот утрото на булеварот „Борис Трајковски“ кога 32-годишниот Д.З. од Скопје управувајќи автомобил „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, удрил во метална бандера за улично осветлување и во паркирано возило „тојота јарис“, исто така со скопски регистарски ознаки.
По незгодата, со возило на Итна медицинска помош сопатниците од возилото „фиат браво“ С.Л.(19), М.В.Т.(19) и К.М.(20) сите од Скопје, се пренесени во Ургентен центар – Скопје, каде што кај С.Л. се констатирани тешки телесни повреди и во животозагрозувачка состојба е задржана на лекување.
Oстанатите се здобиле со телесни повреди и се пуштени на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.