Фотографија од млада девојка се споделува на социјалните мрежи, чиј идентитет засега не е познат, а за која се тврди дека изгорела жива во пожарот во тетовската модуларна болница во обид да ја спаси својата мајка.
Љуљета Адеми на својот фејсбук профил објави фотографија од младата девојка која починала вчера во страшниот пожар спасувајќи ја својата мајка и повика на одговорност од надлежните.
– Изгоре жива спасувајќи ја мајка си! Да вриштиш од болка од гнев! Одговорност мора да има! Оваа девојка што ја гледате овде на сликата, чија мајка беше во таа грозна болница, бидејќи не можеше да ја извади, изгори заедно со нејзината мајка. ОДГОВОРНОСТ! – се вели во објавата на Фејсбук.