Дваесет и четиригодишната германска блогерка Јоси Марија починала во текот на одморот на Канарските острови, објави во саботата порталот 20min.
Како причина за смртта на девојката од северногерманскиот град Кил е наведено затајување на срцето поради анорексија, од која девојката страдата последните години.
Само неколку дена пред својата смрт, девојката на социјалните мрежи објавика дека не сака да биде меѓу оние 10 отсто кои не можат да ја победат анорексијата и починуваат како последици од неа.
Според порталот, на Јоси ѝ се слошило уште во авионот. Таа заспала во прегратките на еден од пријателите и повеќе не се разбудила.
„До последниот момент ти се восхитувавме, гледајќи ја твојата борба со оваа сериозна болест и бевме принудени беспомошно да следиме како ја загуби оваа битка“, напишала мајката на девојката под нејзиниот пост на Instagram.
Младата блогера, која имала повеќе од 120 илјади следбеници, не ја криеше својата болест. Таа постојано ги повикуваше корисниците на социјалните мрежи да не ги премолчуваат своите проблеми, па и психолошките, туку да се справуваат со нив.
View this post on Instagram