Младата Американка Габи Петито била задавена

Младата Американка Габи Петито чиешто исчезнување во САД предизвика големо внимание на јавноста и медиумите, умрела задавена и нејзината смрт е убиство, објави во вторникот лекарот од судската медицина кој ја водел обдукцијата.

„Причината за смртта е давење и ова е убиство“, изјави др Брент Блу, од округот Титон во сојузната држава Вајоминг каде што телото на 22-годишната девојка беше пронајдено на 19-ти септември.

Според него, убиена е три до четири седмици пред телото да биде пронајдено во националниот парк Гранд Титон,

Властите трагаат по нејзиното поранешно момче Брајан Лондри, но досега безуспешно. Тоје обвинет за непрописно користење на нејзина банкарска картичка.

Двојката заминала од Њујорк во јули на пат со комбе кој требало да трае четири месеци и чии фази ни знационалните паркови на американскиот Запад ги споделувале на Instagram и YouTube. Меѓутоа, Лондри сам со комбето се вратил на Флорида.

Семејството на Габриела Петито на 11-ти септември го пријавило нејзиното исчезнување и навело дека не се слушнале со неа од крајот на август. Откако со седмици на социјалните мрежи го следеле патувањето на младата двојка, коринсиците на интернет покренаа потрага по девојката.

Потрагата по Лондри којашто ја започнала полицијата се одвива во мочуришен резерват на Флорида, а учеството на еден ловец на учесници во реалните шпоуа предизвика дополнително внимание од американските и странските корисници на интернет кои ја следат и коментираат секоја фаза од истрагата.