Младата докторка Елена Китанова врати во живот девојка удавена во Дојранското Езеро

Големи пофалби за младата докторка од Струмица, Елена Китанова, која во Дојран успеа да спаси млада девојка која за ќе се удавела во водите на Дојранското Езеро.

-Сакам да го пофалам медицинскиот тим од Струмица, докторката Елена Китанова и сестрата кои беа дежурни во Дојранската амбуланта и несебично и упорно се бореа и го спасија животот на младата девојка која беше удавена во водите на Дојранското Езеро и беше без знаци на живот. Нивната упорност и’ го вратија животот назад на девојката. Таква несебична борба за спасување на човечки живот треба да биде пример за сите лекари – пишуваат на фејсбук граѓаните кои биле присутни.

Младата докторка, била дел од струмички медицински тим кој бил на дежурство во Дојран.

-Несебично и упорно се бореа и го спасија животот на девојката која беше удавена без знаци на живот. Но, тие беа многу многу упорни и не се откажуваа и фала му на господ го спасија животот на една млада девојка исто така од Струмица – се пишува во објавата на Фејсбук.