Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ремизираше проти Србија. На натпреварот кој се одигра на „Билјанини извори“ мрежите мируваа (0:0).
Двете репрезентации играа претпазлив фудбал и чекаа грешка на противникот, создадоа по неколку шанси за гол, но сепак резултатот остана 0:0.
Одлична шанса за водство имаше Србија во 36. минута од натпреварот кога судијата Мунтеан покажа на белата точка, но на Тедиќ го одбрани Денковски.
Македонија имаше свои шанси најпрво преку Чолаковски, потоа одлична шанса имаше Фазлагиќ, а Трајковски и Елези имаа шанса за погодок на самиот крај од натпреварот, но сепак резултатот остана 0:0.
По две одиграни кола во квалификациите за Европското првенство, Македонија се наоѓа на последното 6. место на табелата со еден освоен бод, а Србија со исто толку бодови се наоѓа на 5. позиција на табелата.