Младенци се судриле со автомобилите меѓу себе и починале

Николас Круз (31) и Кристина Муноз (26) минатата пролет се заколнале на вечна љубов, се додека смртта не ги раздели. Токму тоа и се случило. Тие двајца се судриле со своите автомобили и починале.

Автомовилите на мажот и жената се суриле директно и двајцата сопружници починале на лице место.

Полицијата утврдила дека и двајцата не носеле сигурносен појас, а до несреќата најверојатно дошло поради несоодветната брзина на возењето.

Во прашање е многу краток и нерамен пат, на кој не се исцртани лентите.

Ќе остане нејасно дали сопругата во последните моменти на животот зад воланот на другиот автомобил го препознала својот сопруг.