Млади лидери во Полска

Во моментов во Дробин, Полска во тек е Еразмус+ проект насловен ,,The Art of Leadership 2“ кој се реализира во период од 30.03.2023 – 12.04.2023.

Нашата држава на оваа размена ја претставуваат млади лидери од различни подрачја на Македонија, со различна возраст, но со иста цел -да ги зајакнат своите лидерски вештини, Даниел Шикоски, Ружица Груева, Даниела Алексоска, Катерина Демерџиева и нивниот лидер Ана Мицајковска, кои се претставници од Здружението за заштита на природното и националното богатство „Енхелеус Лихнид“ Охрид. Покрај Македонија, учествуваат и претставници од шест различни држави предводени од здруженијата:
– Полска: Euromed Eve Polska
– Ирска: Helath generations youth group;
– Латвија:  Latvian Association for Youth Activist
– Хрватска: Eutopia
– Турција: Zift
– Романија: Asociatia Beyond

Нема достапен опис

Проектот има за цел да ја истражи темата за лидерство и тимска работа, помагајќи им на учесниците да го дефинираат сопствениот стил на лидерство. Преку серија работилници, дискусии и активности за градење тим, учесниците имаат можност да учат едни од други и да ги развијат своите вештини како лидери. Како земја горди сме што кај нас постојат ентузијасти кои чекорат по патот на успехот и вложуваат во својата иднина. Учесниците преку различни видови на активности, индивидуално и групно го пронаоѓаат лидерот во себе стеkнувајќи се со нови знаења. Преку традиционалните вечери, се запознаваме со различни култури и вкрстуваме традиционална храна. Нашите Македонци го подготвуваа традиционалното тавче гравче, пинџурот и домашниот леб кој исто така можеше да се вкуси и заедно со ајварот, правен од македонските домаќинки. На нашата трпеза стоеја и производи од македонските компании.

Нема достапен опис

Македонскиот тим со гордост им ги претстави македонските традициите преку традицоналните македонски ора, носејќи шамии и капа од нашите носии (КУД Дрим Кол Вевчани) . Здружението Енхелеус Лихнид е здружение за заштита на културното и национално богатство, кое воедно е партнер на овoј проект, официјално постои три години и досега има реализирано над 40 еколошки акции едукации, хуманитарни настани како и во охридско-струшкиот регион така и пошироко. Ова здружение е единствено во Македонија со оддржани над 200 состаноци на годишно ниво.

Нема достапен опис
Тие повикуваат на кревање на свеста и порачуваат да ги чуваме нашите национални и природни богатства. Заедно да се сплотиме за подобар живот во нашата мила Македонија. Проектот е поддржан од Европска Унија.