Млади правници со бесплатна правна помош за сиромашните семејства

Млади правници бесплатно ќе обезбедуваат правна помош на поединци и семејства со ниски приходи. Се работи за проект на „Македонското здржение на млади правници“ чија цел е да им помогне на граѓаните кои имаат одредени правни проблеми, но неможат да ги решат поради слабата финансиска состојба.

За таа цел веќе се формирани и мобилни тимови составени од по двајца адвокати и двајца правници кои ќе обезбедуваат правна помош со теренски посети во рурални и исклучени средини во југоисточниот и вардарскиот регион.Денеска мобилните тимови беа во Струмица и околните села.

,Со тоа планираме да го подобриме и правното познавање на граѓаните во Македонија во руралните средини и колку можеме да им помогнеме на граѓаните да добиваат правни информации директно од терен. Најчестите проблеми кои што граѓаните ги имаат се од областа на социјалната заштита, здравствената заштита, здравственото осигурување, постапки за вработување, пријавување во агенција за вработување, имотно правни прашања , присилно извршување, сопственички односи, заштита од дискриминација и нормално во делови од Македонија и проблемот кој што е со без државјанството и личните документи, велат од Македонското здружение на млади правници.

Теренските посети ќе се одвиваат во определени денови, најмногу два пати во месецот и ќе траат заклучно со јули следната година. Проектот ,, Мобилни тимови за правна поддршкана поединци и семејства со ниски приходи,, финансиски е поддржан од ЕУ, а го спроведува здржението на млади правници на Македонија во партнесрство со правниот информативен центар од Љубљана.