Поранешниот воен командант на босанските Срби, генералот Ратко Младиќ, изјави пред почетокот на изтекувањето на пресудата пред Хашкиот трбунал кој го товари за воени зосторства дека е невин и дека не можа да му ја замат душата, пренесуваат дописниците од судницата на белградските електронски медиуми.
„Знам дека сум невин, Со мене може да прават што сакат, но душата не може да ми ја земат“, ја пренесува Вечерње новости изјавата на Младиќ повикувајќи се на неговото семејство: сопругата Боса и синот Дарко коишто го посетиле во вторникот во затворот ден пред изрекувањето на пресудата.
Судскиот совет на Меѓународнот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг во вторникот го започна рочитетот на коешто ќе биде изречена неправосилна пресуда на поранешниот воен командант на босанските Срби, генералот Ратко Младиќ, обвинет за геноцид и други воени злосторства врз муслиманте и Хрватите во Босна и Херцеговина стрени во рамки на здружен злосторнички потфат.
Вечерње новости пишуваат дека семејството на Младиќ од понеделникот престојува во Холандија и дека воопшто со него не разговарале за судскиот процес, туку „за животот“.
Весникот пиша и дека Младиќ поради тешката здравствена ситуација нема да биде просутен на изрекувањето на пресудата, но тоа се покажа како погрешно. Младиќ имено веќе е во судницата и според снимките изгледа доста опуштено.
Младиќ во Хаг е обвинет за геноцид, злосторства против човечноста и кршењет на законите или обиачите на војување во БиХ од мај 1992 до крајот на 1995 година. Во завршниот збор на обвинителството во декември 2016 година за него беше барана казна дожживотен затвор, додека одбранат апредложи да биде ослободен од сите обвиненија.