Генералот Ратко Младиќ, на судењетот како сведок на одбраната на Радован Караџиќ, изјавил дека не го признава Хашкиот суд и дека поради тоа не може да сведочи пред Трибуналот.
„Тоа не е суд на правдата, тоа е сатанистички суд што им суди на нас Србите“, рекол Младиќ по што главниот судија го прекинал и му рекол да седне.
Иако седнал, Младиќ со се уште вклучен микрофон рекол: „Си ги заборавив забите. Барај! Побрзо да те е***!“.
Тогаш очигледно сфатил дека протезата за забите му останала во ќелијата, пишува дневник.хр.
„Ќе дадам изјава, но, не го признавам вашиот суд, бидејќи тој за мене не постои. Ќе ја зборувам вистината и ништо освен вистината, а сега молам обезбедувањео да ми ги донесе забите од ќелијата за да можам да зборувам“, се изјаснил Младиќ, по што судот одредил пауза.