Тројца млади шахисти на ШК Алкалоид минатава седмица настапуваа на турнирот што се играше во Крагујевац, кој беше наменет за играчи со рејтинг до 2.200 поени, а кој на крајот заврши со триумф на Дино Табаковски.
Табаковски, иако десетторангиран на стартната листа, по 9 одиграни кола освои 8 поени (две реми, без пораз), со што освои и одлични 151 рејтинг-поени и убедливо стигна до победничкиот пехар.
Тој лани исто така играше на овој турнир, влегувајќи на него како 18. играч според рангот, при што заврши на 10. место. Жрепката сакаше уште во второто коло да го победи минатогодишниот победник Предраг Гребовиќ, по што следуваше серија добри резултати со подобро рангирани играчи.
– Веќе третпат играм на турнирите во Крагујевац, но оваа година дојде до израз континуираниот напредок во работата со мојот тренер, велемајсторот Јаќимовиќ. Откако минатиот месец, заедно со уште еден младинец од напредната група на школата во ШК Алкалоид, учествував на најквалитетното Европското индивидуално првенство во шах, кое се играше во Врњачка Бања, сега со зголеменото ниво на самодоверба и, дополнително, со вистинските совети од мојот тренер успеав да стигнам до првото место. Јасно е дека сезоната на шах допрва почнува, па очекувам до крајот на годината да настапам на разни државни шампионати, а се надевам и дека резултатите нема да изостанат – рече Табаковски, кој минатата година на Европското првенство за аматери се закити со трофеј за второ место во категоријата на играчи до 1.700 рејтинг-поени.
Овојпат во Крагујевац беа и Кирил Николовски и Стефан Мелник, исто така дел од младинскиот погон на ШК Алкалоид, кои пред почетокот на турнирот беа на 16., односно на 20. место според почетниот рејтинг, а на крајот и двајцата се пласираа на петтото место со по 5,5 поени. Според тај брејк критериумот, Николовски е на крајот шести, освојувајќи нови 116 рејтинг-поени, додека, пак, Мелник се пласираше на седмото место и се враќа дома со 34 нови рејтинг-поени.
На турнирот настапија вкупно 23 играчи, при што се покажа дека младите надежи знаат добро да се носат со поискусните и посилни шахисти, па на овој начин ја стекнуваат неопходната пракса во пресрет на новите настапи на македонските турнири.