Александар Ѓурковски (21) во пролетниот дел ќе го носи дресот на Вардар, се истакнува во кругови блиски до клубот. Ѓурковски е дефанзивец и член на младата репрезентација на Македонија до 21 година. Досега го носеше дресот на Тиквеш.
Инаку Ѓурковски потекнува од школата на Вардар, а во 2021 година направи трансфер во Шкупи, потоа играше и за Тиквеш.
Ова е уште еден трансфер на најтрофејниот во текот на овој зимски преоден рок. Во текот на вчерашниот ден Вардар се засили со Нахуел Франко од Брера, Дејан Ѓуриќ од Србија и Марјан Алтипармаковски од Раднички Белград, каде ги мина последните шест месеци.
Веќе нема дилеми, Вардар не се шегува, раководството на тимот прави напори да му обезбеди на новиот тренер Горазд Михајлов што поквалитетен ростер за пролетната битка за опстанок.
Фото: Приватна архива и Гол.мк