Михаил Талевски, роден 2004 година, потпиша договор со екипата на Осијек од Хрватска, со траење од три години.
Младииот напаѓач е презадоволен од остварената соработка со хрватскиот клуб:
„Ова е голем чекор за мене, остварување на моите фудбалски идеи. Ќе настапувам во лига која е силна и расадник на голем број фудбалски таленти. Хрватската репрезентација е финалист на последното светско првенство и мислам дека многу ќе напредувам во мојот нов клуб“, изјави Талевски по потпишувањето на договорот.
Макодинскиот репрезентативец во младинските категории играше за екипата на Пелистер, а во хрватското првенство се сели веднаш.
Отштетата на сметката на битолскиот клуб веќе е исплатена.