-6.2 C
Skopje
понеделник, ноември 25, 2024

Младиот Никола утрово замина на лекување во Турција

Рано утрово, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција.

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:

МЛАДИОТ НИКОЛА ЗАМИНА ЗА ТУРЦИЈА.
Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје му посакав среќен пат на Никола кој замина за Турција.
Во следните денови на Никола во Турција ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување.
На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов! – напиша Стефковски.