Младите до 27 години ќе може да патуваат бесплатно со железничкиот сообраќај

Младите до 27 години секој прв и секоја трет викенд во месецот ќе имаат бесплатен превоз во железничкиот собраќај. Ова е само една од петте мерки што денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги најави.

Преку овој проект, рече Груевски, младите до 27 години ќе имаат можност за добивање бесплатен повратен билет кој ќе можат да го користат секоја прва и секоја трета недела од месецот во период на викенд, односно од петок после 12 до понеделник до 12 часот.

Младите до 27 години ќе може да патуваат бесплатно со железничкиот сообраќај
Младите до 27 години ќе може да патуваат бесплатно со железничкиот сообраќај

Со ова ВМРО-ДПМНЕ им овозможува на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во Македонија, но и значителна финансиска поддршка и заштита на стандардот на младите. Ова е збогатување на можноста која и досега постоеше за бесплатно патување со железничкиот сообраќај. На ова се одлучвиме поради големиот интерес кај младите. За 6 месеци во 2014 и 11 месеци во 2015 превезени се 48.758 млади до 27 години, кои ја искористиле можноста со што младите заштедиле околу 17 милиони денари, рече Груевски.

Тој информира дека за да се спроведе оваа мерка Владата ќе исплаќа дополнителни трансфери кон Македонски железници. Спроведувањето на овој проект ќе започне за еден и пол месец од сега.