Младите на ВМРО-ДПМНЕ од Битола од пред штедилницата ТАТ потсетуваат на визијата на СДСМ, не само за младите, туку за сите жители на Битола.
Нивните визии се следните: Проневерени и во неповрат загубени чесно заработени и заштедени стотици милиони денари. Илјадници граѓани ограбени. Затворени фабрики и родители без работа. Скапо образование достапно само за привилегираните, без државни стипендии и со визни бариери. Младите кои имаа желба да се занимаваат со земјоделство наместо поддршка, добиваа презир и потсмев. Киното и театарот беа луксуз, а спортските сали и терени или беа руинирани или не постоеа. Од името на сите наши млади сограѓани им порачуваме на визионерите од СДСМ да не си го губат времето во Битола сеејќи ветер и магла, вели Бојан Димовски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Во Битола, велат тие, поддршка добиваат идеите кои носат конкретни резултати и подобро утре за сите, а најмногу за младите луѓе.